Институтот на директори се грижи за достојно почитување на функцијата директор и заштита на интересите на македонските директори преку унапредување на нивниот професионализам, стручност и статус, како и за подобрување на деловното окружување преку промовирање на одличноста во корпоративното управување.

Поимот директор вклучува, но не е ограничен на членови на одбори на директори, на надзорни одбори и на управни одбори.

Новости

  • На 16.05.2012 година, во просториите на М6 Едукативен центар, на ул. 810 бб Скопје, се одржа редовното Годишно собрание на Здружението - Институт на директори - Скопје. На седницата беа усвоени редовните годишни извештаи, завршната сметка на здружението како и програмата за работа за 2012 година. Годишниот извештај за работата на Здружението - Институт на директори - Скопје за 2011 година, можете да го преземете тука.  
  • На ден 16.05.2012 година, во просториите на М6 Едукативен центар, на ул. 810 бб Скопје, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи редовното Годишно собрание на Институт на директори - Скопје. Поканата за настанот можете да ја преземете тука 

  • Работилници на тема: Проценка на капитални инвестиции со м-р Дејан Калиников и Заштита на правата од интелектуална сопственост во индустријата за храна и за пијалоци (алкохолни и безалкохолни) со д-р Валентин Пепељугоски. Време: 16 мај (среда) од 13:00 до 17:00 часот во М6 Едукативен центар во Скопје.   
  • Работилница на тема: Казнено-правни аспекти на одговорноста на одговорното лице во правно лице. Време: 12 декември (понеделник) од 09:00 до 14:00 часот во хотелот Холидеј Ин.

  • На ден 29.03.2011 година во просториите на М6 Едукативен центар на ул.810 бб, со почеток во 12:00 часот, се одржа Собрание на Здружението на граѓани - Институт на директори - Скопје. На Собранието беше презентирана Завршната сметка на здружението и по дискусијата таа беше едногласно усвоена. Извешрајот можете да го преземете тука

  • На 7 октомври 2010 година се одржа првото редовно годишно Собрание на ИОД во Едукативниот центар М6 во Скопје. На ова Собрание беше усвоен Годишниот извештај за работа на Собранието.
    - Преземете го Годишниот извештај
    - Погледнете ја галеријата со фотографии од Собранието

  • На 23 септември 2010 година во Љубљана се одржа редовната годишна конференција за корпоративно управување во организација на Асоцијацијата на членовите на надзорните одбори на Република Словенија. На оваа конференција се претстави и ИОД од Македонија.

  • Институтот на директори и Проектот за корпоративно управување одржаа средби со повеќе компании поврзано со поддршката што овие организации ја дават на компаниите во процесот на воведувањето на внатрешната ревизија.

Активности

  • Во декември 2011 објавено е новото обновено издание на Прирачникот за корпоративно управување, а во соработка со Македонска берза и Комисија за хартии од вредност, Скопје, 2011 година

  • Работилница на тема: Казнено-правни аспекти на одговорноста на одговорното лице во правно лице. Време: 12 декември (понеделник) од 09:00 до 14:00 часот во хотелот Холидеј Ин. 

  • Програмата за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), поддржана од Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) и Институтот на Директори на Македонија (ИОД) на 22 јуни 2010 година во Хотелот Стоун Бриџ во Скопје организираше работен ручек на тема „Новата улога на жените директори“.

  • ИОД заедно со Програмата за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), поддржана од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) а во соработка со Меѓународниот институт за развој на менаџментот (ИМД) на 1 декември 2009 година.

  • ИОД заедно со Програмата за корпоративно управување на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), поддржана од Државниот секретаријат за економски прашања (СЕКО) а во соработка со Меѓународниот институт за развој на менаџментот (ИМД) на 1 декември 2009 година.